Претседателот на САД, Доналд Трамп, е предвидено да се состане со верските лидери, полициските службеници и сопствениците на мали бизниси во четврток во Далас, за да се разгледаат можните одговори на протестите на национално ниво, што уследија по смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд кој почина откако полицаец повеќе од осум минути го држеше со колено на вратот.
Белата куќа соопшти дека на тркалезната маса ќе се дискутираат „решенија за историските, економските, здравствените и правните разлики во американските заедници“.
Демонстрантите во Ричмонд, Вирџинија, кој беше главен град на Конфедерацијата, во средата ја соборија статуата на Џеферсон Дејвис, претседател на Конфедерацијата
Портпаролката на Белата куќа, Кејли Мек Енани, пред новинарите во средата изјави дека се разгледуваат и законски предлози и извршни налозии дека администрацијата настојува да ги достави „во наредните денови“.
Еден предлог што Трамп не го поддржува е менување на таканаречената квалификувана доктрина за имунитет што помага да се заштитат службениците за спроведување на законот од граѓански тужби.
„Тоа е невообичаено во демократското законодавство“, рече Мек Енани.
Лидерите на Претставничкиот дом го претставија законодавството со кое се бара реформа во полициските закони во државата, со цел да се прошири полициската одговорност, да се следат полициските службеници преку национален регистар на полициско работење и да се стави крај на практиката за пренесување на воената опрема на полициските оддели низ целата нација.
Сенатот предводен од републиканците работи на свој пакет, а Комисијата за правосудство во Сенатот треба да одржи расправа по ова прашање следната недела.
Комисијата за правосудство одржа сослушување во средата, каде братот на Џорџ Флојд, Филонис, ги повика законодавците да го одобрат законодавството со кое се ограничува употребата на сила од страна на полицијата.
Градските и државните лидери веќе воведоа свои промени, вклучително и забрана за употреба на методот на држење со колено, ветувајќи дека ќе ги префрлат финансиите од полициските одделенија во програмите во заедницата и ќе формираат комисии за да ги разгледаат поплаките за полициски злоупотреби.
Толпите маршираа во средата во Бостон, Оукланд и на други места за да ги искажат своите барања за пренаменување на парите од градските полициски одделиза други програми.
Демонстрантите се собраа мирно во средата во Сиетл, каде што имаше повеќе судири меѓу демонстрантите и полицијата во претходните денови на протестите.
Трамп ги нарече демонстрантите во Сиетл „домашни терористи“ во порака на Твитер во средата, заканувајќи се со федерална акција додека ги критикуваше градските и државните лидери.
„Вратете си го градот сега. Ако не го сторите тоа, јас ќе го направам тоа. Ова не е игра“, рече Трамп.
Градоначалничката на Сиетл, Џени Дуркан, во порака на Твитер му одговори на претседателот: „Остави не сите безбедни. Врати се во својот бункер. #Црните животи се важни“
Повеќе промени се случија во средата во градот Бафало, Њујорк, каде што градоначалникот Бајрон Браун објави дека воведува Одделение за јавна заштита како замена на полицискиот тим за одговор при итни случаи.
Демонстрантите во Ричмонд, Вирџинија, кој беше главен град на Конфедерацијата, во средата ја соборија статуата на Џеферсон Дејвис, претседател на Конфедерацијата.
Претходно истиот ден, Спикерката на Претставничкиот Дом, Нанси Пелоси повика на отстранување на 11 статуи на Конфедерацијата од американскиот Капитол.
„Статуите во Капитол треба да ги отелотворат нашите највисоки идеали како Американци, изразувајќи кои сме и кои сакаме да бидеме како нација“, напиша Пелоси. „Спомениците на луѓе кои се залагале за суровост и варварство за постигнување расистичка цел се гротескна навреда на овие идеали. Нивните статуи му оддаваат почит на омразата. Тие мора да бидат отстранети “.
Толпите маршираа во средата во Бостон, Оукланд и на други места за да ги искажат своите барања за пренаменување на парите од градските полициски оддели за други програми.
Исто така, имаше повици за преименување на повеќе американски воени инсталации именувани по лидерите на Конфедерацијата, вклучително и Форт Браг во Северна Каролина. Секретарот за одбрана Марк Еспер и армискиот секретар Рајан Мекарти посочија дека се отворени за двопартиска дискусија за ова прашање, но Трамп остро се спротивстави.
„Мојата администрација нема ни да го разгледува преименувањето на овие величествени воени инсталации“, рече тој во средата. „Нашата историја како најголема нација во светот нема да биде загрозена. Почитувајте ја нашата војска!“
Facebook Forum