Линкови за пристапност

Демонстранти упаднаа во Конгресот да ја спречат потврдата на изборните резултати


Полицијата нареди затворање на конгресната зграда поради надворешна безбедносна закана

Полицијата која го заштитува Конгресот најави затворање на конгресната зграда поради надворешна безбедносна закана, додека илјадници поддржувачи на Трамп упаднаа внатре како протест против потврдата на Џо Бајден за иден претседател на САД.

Сенатот ја прекина седницата за потврда на електорските гласови, додека потпретседателот Мајк Пенс, наводно, бил изнесен од зградата преку подземни тунели од страна на тајната служба.

Видеа кои кружат по социјалните медиуми, како и американските медиуми, покажуваат како поддржувачи на Трамп ги пробиваат полициските кордони пред Конгресот и влегуваат во зградата.

Според телевизиски извештаи, демонстрантите се обиделе да ги срушат вратите на Претставничкиот дом, и кон нив бил пуштен солзавец со цел да се одвратат.

Потврдата на изборните резултати, традиционално, е рутина и церемонијален настан, како последен чекор, откако Изборниот колеџ официјално го избра Бајден за иден претседател на САД на 14.декември, но, овојпат беше оспорена од неколку републикански членови на Конгресот.

Претседателот Доналд Трамп преку Твитер им порача на демонстрантите да останат мирни.

Градоначалничката на Вашингтон Мјуриел Баусер најави полициски час од шест часот локално време.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG