Линкови за пристапност

Почина Принс


Американската поп ѕвезда Принц почина на 57 годишна возраст.

Новинските агенции известуваат дека рано утринава Принс е пронајден мртов во својот дом во Минеаполис, Минесота.

Мултиталентираниот и влијателен музичар Принс Роџерс Нелсон е познат со песните „1999“ „ Little Red Corvette “ и „ Purple Rain“ која е насловна нумера од неговиот епохален албум и филм од 1984-та година.

Има продадено над 100 милиони албуми ширум светот, освоено седум Грами награди и еден Оскар за Најдобра оригинална песна, за нумерата „ Purple Rain“.

Принс е официјално примен во Куќата на славните на рокенролот во 2004-та година.

XS
SM
MD
LG