Иако сезоната на прелиминарни избори во САД почна да се смирува, борбата за републиканска и демократска номинација продолжува да ескалира.
Поранешната државна секретарка Хилари Клинтон претрпе пораз од демократскиот ривал сенаторот Берни Сандерс во неделата, кога тој победи на кокусите во Вашингтон, Хаваи и Аласка.
Тие победи не го затвараат јазот со водечката Клинтон која води со нешто помалку од 300 делегати. Но победите ја засилија неговата кампања доволно за Сандерс да објави дека „е на пат за победа“.
Следното за демократите е натпревар на 5-ти април во слабо населениот Вајоминг. Клинтон се фокусира на 19-ти април кога гласачите на Њујорк, државата што ја претставуваше како сенаторка, ќе решат како да ги алоцираат нивните 291 делегати.
На републиканска страна, битката за номинација меѓу лидерот и милијардер Доналд Трамп и тексашкиот сенатор Тед Круз се чини дека ескалираше во лична битка.
Следните прелиминарни избори за републиканците е 5-ти април во Висконсин. Некои аналитичари предвидуваат дека тоа ќе биде последно појавување како републикански кандидат на гувернерот од Охајо Џон Касик.