САД треба значително да го променат пристапот во борба против терористите и екстремистичките групи, се вели во двопартиски извештај од Конгресот, во кој се предупредува дека успехот на борбено поле никогаш нема да биде доволен да се спречи ширењето на екстремистичката идеологија.
Во извештајот се нагласува дека по речиси две децении и околу 5.9 трилиони долари потрошени во борбата против териристичките групи на Блискиот исток и Северна Африка, САД и нивните партнери мора да направат приоритет на нивните воени решенија.
„Тероризам е симптом, но, екстремизмот е идеологија која повикува да се уништат слободните општества. Тоа е болест“, се нагласува во извештајот, во кој се додадва дека САД се заглавени во навидум бескраен круг во одговор на кризата.
Меѓудругото, во него се нагласува дека моќта на Исламската држава, чија идеологија привлече десетици илјади борци, почнала да се намалува.
Командантите на Сириските демократски сили, поддржани од САД, велат дека терористите се под опсада, и оти нивниот пораз е неизбежен, иако можеби ќе бидат потребни неколку денови тоа да се постигне.
Во извештајот се заклучува дека ослободувањето на последното место под опсада на Исламската држава би требало да се види како почеток за САД да ги променат приоритетите во борбата против тероризмот, и оти фокусот треба да биде насочен кон државите чии институции се распаѓаат и не се во функција на нивните граѓани.
Извештајот предлага САД да најдат партнери кои се посветени на одговорно владеење.
Facebook Forum