Линкови за пристапност

Избори во САД: Сите очи кон Охајо и Флорида!


Натпреварот за обезбедување номинација е веќе половина завршен

По настаните од вторникот во Мичиген, Мисисипи, Ајдахо и Хаваи, 23 од 50 сојузни држави го направија својот избор за републикански кандидат и 21 сојузна држава за демократски кандидат.

Особено важната група од пет сојузни држави ќе го одржат гласањето следниот вторник, 15-ти март. Победникот од Републиканската партија тој ден во Флорида ќе ги добие сите 99 делегати, додека победникот во Охајо ќе ги добие сите 66 и 69 во Илиноис за победникот.

Кампањата на сенаторот на Флорида, Марко Рубио се надева на поддршка од неговата матична држава, но со продолжувањето на неговите несигурни јавни настапи и таа поддршка можно е да не е доволна или да е предоцна. Истото важи и за гувернерот од Охајо, Џон Касич во неговата држава.

Бизнисменот Доналд Трамп по вторникот освои околу 450 делегати во споредба со околу 350 на сенаторот од Тексас, Тед Круз. Нивна цел е да соберат 1.237 за да се потврди мнозинството и републиканската номинација.

Трката на демократите се сведува на двајца кандидати веќе повеќе од еден месец, со поранешната државна секретарка Хилари Клинтон во водство и сенаторот на Вермонт Берни Сандерс, веднаш зад неа. Таа има нешто повеќе од половината од 2.383 потребни делегати за да се биде кандидат од Демократската партија, додека Сандерс е на околу една четвртина на патот.

Кандидатите од партиите нема да бидат официјализирани до одржувањето на републиканските и демократсите конвенции во јули. Во многу изборни години, победникот ја најавува номинацијата пред да се гласа во сите сојузни држави.

XS
SM
MD
LG