Линкови за пристапност

Смени во раководството на кампањата на Трамп


Трамп изјави дека чекорот нема да влијае на улогата на Пол Манафорт кој е на чело на кампањата, откако републиканскиот кандидат во јуни го отпушти поранешниот раководител, Кореј Левандовски.

На помалку од три месеци пред претседателските избори, републиканскиот кандидат Доналд Трамп го назначи Стивен Бенон од конзервативната веб-страница Бреитбарт, на функцијата извршен раководител на неговата кампања.

Трамп кажа дека чекорот нема да влијае на улогата на Пол Манафорт кој е на чело на кампањата, откако републиканскиот кандидат во јуни го отпушти поранешниот раководител, Кореј Левандовски.

Манафорт се соочува со критика заради наводна поврзаност со поранешниот про-руски претседател на Украина, Виктор Јанукович. Според весникот Њујорк тајмс, во Украина има тајни сметки со информација дека 12,7 милиони во готово биле наменети за Манафорт. Тој ги порекна овие наводи.

Од друга страна, според најновите анкети, демократската кандидатка Хилари Клинтон води пред Трамп со околу шест проценти.

Нејзината кампања побара целосно обелоденување на каква било поврзаност меѓу про-руските ентитети и Манафорт или кое било друго лице од тимот на Трамп.

За време на обраќање во Филаделфија, Клинтон кажа дека изјавите на Трамп за надворешната политика испраќаат погрешна порака и за сојузниците и за непријателите.

Клинтон воедно ги предупреди своите симпатизери да не претпоставуваат дека таа ќе победи на изборите.

„Иако во моментов работите стојат добро, никаде и никого не земам здраво за готово“, истакна Клинтон.

Нејзината кампања и натаму ќе се справува со прашањата околу користењето на службената електронска адреса додека била на функцијата државна секретарка.

XS
SM
MD
LG