Линкови за пристапност

Клинтон и Рубио фаворити


Во загревањето за претседателските избори 2016-та, според најнова анкета

Според најнова анкета во САД, републиканскиот сенатор Марко Рубио води пред другите партиски кандидати за претседателските избори 2016-та година.

Истражувањето на Универзитетот Квинипек му дава 15% поддршка од регистрираните републикански гласачи на овој законодавец од Флорида. На второ место е гувернерот на Флорида, Џеб Буш со 13%, а зад него гувернерот на Висконсин, Скот Вокер со 11%. Ниту Буш, ниту Вокер официјално не објавиле дека ќе се кандидираат за претседателската трка.

Според анкетата, Рубио добро стои и во однос на најверојатната демократска кандидатка, Хилари Клинтон. Поранешната државна секретарка има 45%, а Рубио 43%.

Клинтон убедливо води пред другите потенцијални кандидати од Демократската партија, меѓу коишто се и сегашниот потпретседател Џо Бајден, сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс и поранешниот гувернер на Мериленд, Мартин О`Мали.

Но, од друга страна, истражувањето покажува дека само 54% од испитаниците веруваат дека Клинтон е искрена и дека може да и` се верува. 38% го мислат токму спротивното.

XS
SM
MD
LG