Линкови за пристапност

САД го одбележуваат Денот на сеќавањето


Претседателот Барак Обама ќе организира неколку настани во чест на војници загинати за време на воена служба

На денешната агенда на претседателот Барак Обама се неколку настани за Денот на сеќавањето – во чест на војници загинати за време на воена служба.

Тој во Белата куќа ќе организира појадок за припадници на армијата и воени ветерани.

Подоцна на Националните гробишта во Арлингтон, во близина на Вашингтон, ќе учествува во церемонијата на положување венец на Споменикот на незнајниот војник.

САД традиционално го одбележуваат празникот на последниот понеделник во мај.

Обама во неделното обраќање истакна дека, „долгот што им го должиме на паднатите херои е таков што никогаш нема да можеме вистински да го отплатиме“.

Првата комеморација на Националните гробишта се одржа во 1868-та, три години по Граѓанската војна во САД во која загинаа п реку 600.000 лица.

Сега, со тридневниот викенд неофицијално почнува сезоната на летни одмори во земјата, а многумина одат на излет или плажа, минуваат време во парковите и кампуваат.

XS
SM
MD
LG