Линкови за пристапност

Разлики во финансирањето на кампањите на Клинтон и Трамп


Заклучно со месец август, Клинтон има повеќе потрошено од Трамп за околу 200 милиони долари, се наведува во месечните извештаи на обата кандидата.

Нови разлики меѓу претседателските кандидати Хилари Клинтон и Доналд Трамп, овојпат во однос на финансирањето на нивните кампањи.

Според документи доставени до Федералната изборна комисија, Клинтон во август добила околу 60 милиони долари од поддржувачите, споредено со 42-та милиона на Трамп. Нејзината кампања потрошила повеќе од Трамп за 20 милиони.

Заклучно со месец август, Клинтон има повеќе потрошено од Трамп за околу 200 милиони долари, се наведува во месечните извештаи на обата кандидата.

Воедно има поголем јаз во однос на вкупната сума собрани средства за време на нивните кампањи. Клинтон добила поддршка во висина од 386 милиони долари, а Трамп 170 милиони.

XS
SM
MD
LG