Линкови за пристапност

Пад на стапката на сиромаштија во САД


Примањата на ниво од пред рецесијата

Семејните примања пораснале, стапката на сиромашија е пониска, а бројот на лица кои имаат здравствено осигурување се зголемува, се вели во најновиот извештај на Пописното биро на САД.

Во просек, во периодот од 2015-та до 2016-та година, семејните примања пораснале за 3,2 проценти, до цифрата од 59,039 долари годишно. Позитивниот тренд на раст е регистриран веќе втора година по ред.

Стапката на сиромаштија паднала на 12,7 проценти, што значи дека 2,5 милиони луѓе сега се под официјалната стапка на сиромаштија. Иако ова е подобрување, 40,6 милиони Американци се` уште се водат како сиромашни.

Владините експерти сиромаштијата ја дефинираат како примања под 24,563 долари годишно за четиричлено семејство.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG