Комисијата за надзор на Претставничкиот дом издаде наредба директорот на Поштите на САД Луј Деџој, да достави докази за застојот при испраќањето пратки, поради што подготвеноста на оваа агенција стана дел од политичката дебата пред изборите во ноември, објави Асошиетед прес.
Наредбата се однесува за обезбедување документи поврзани за оперативни промени, кои довеле до застој во испраќањето пошта и во плановите за гласање на претседателските избори.
Портпаролот на Поштите на САД изјави дека Агенцијата ќе ги почитува правните обврски.
„Имаме намера целосно да ги почитуваме законските обврски“, се вели во изјавата.
Директорот Деџој има рок да го достави потребниот доказен материјал до 16 септември.
Facebook Forum