Линкови за пристапност

Федералните агенти на САД ќе се повлечат од Портланд


Гувернерката Кејт Браун од северозападната американска држава Орегон изјави дека сојузните полицајци ќе започнат да го напуштат градот Портланд во четврток, по договорот постигнат меѓу локалните и федералните власти.

Федералната влада соопшти дека распоредувањето во Портланд било неопходно заради враќање на редот и ги обвини локалните власти дека дозволуваат постојани протести поради кои тие рекоа дека е загрозен федералниот имот, вклучително и судот.

Браун беше меѓу оние кои го критикуваа присуството на федералните агенти, велејќи во средата дека „тие дејствувале како окупаторска сила и донеле насилство“. Градоначалникот на Портланд рече дека „нивното присуство доведе до зголемено насилство и вандализам“.

Чад Волф, вршител на должноста секретар во Одделот за внатрешна безбедност, не изложи временска рамка за повлекувањето, но рече дека државните и локалните органи надлежни за спроведување на законот ќе започнат со преземање мерки со цел обезбедување на улици околу федералните имоти.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG