Линкови за пристапност

Помпео ги отфрла тврдењата дека е „поборник за војна“


Директорот на ЦИА Мајк Помпео, е номиниран за нов американски државен секретар, на местото на Рекс Тилерсон. Тој денеска сведочи пред Сенатската комисија за надворешни работи

Претседателот на САД Доналд Трамп, го номинира директорот на ЦИА Мајк Помпео за функцијата државен секретар. Тој денес е на распит пред Сенатската комисија за надворешни работи, при што истакна дека доколку биде потврден, ќе биде силен поддржувач на дипломатијата.

Теми на дискусија на денешниот распит се очекува да бидат и Северна Кореја и Иран.

Разликите во ставовите меѓу претседателот Трамп и поранешниот државен секретар Рекс Тилерсон, доведоа тој да биде отпуштен од функцијата.

Стивен Помпер од Меѓународната кризна група, вели дека ако биде потврдена неговата номинација, Мајк Помпео нема да се соочи со сличен товар.

„Стејт департментот сака да биде предводник на американската надворешна политика. Тоа беше тешко за секретарот Тилерсон, бидејќи беше познато дека постоеше разлика меѓу него и претседателот. При средби со странски лидери, не постоеше сигурност дали тој ги застапува интересите на Трамп. Мислам дека секретарот Помпео нема да има таков проблем“, рече Помпер.

Тој е далеку поголем критичар кон Русија, во споредба со Трамп, за наводните обиди на Москва да се меша во претседателските избори во 2016-та година.

„Русија продолжува да дејствува агресивно, поради долгогодишната мека политика на САД. Тоа сега е готово“, изјави Помпео.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG