Линкови за пристапност

Помпео го зголеми притисокот во врска со практиките на Хуавеи


САД повторно ги повикаа европските сојузници да внимаваат на безбедносните ризици ако ги користат услугите на кинеската компанија Хуавеи во изградба на 5Г интернет мрежите.

Државниот секретар на САД Мајк Помпео апелираше за солидарност во спротивставувањето на наводните штетни практики на Хуавеи.

Забелешките на Помпео дојдоа по состанокот со неговиот холандски колега и по истрагата на холандската разузнавачка агенција за наводните недостатоци во софтверот на Хуавеи со кој се овозможува неовластен пристап до корисничките податоци.

Од Хуавеи велат дека нема да споделуваат доверливи кориснички информации и го негираа тврдењето на Помпео дека компанијата е контролирана од Пекинг.

Холандскиот министер за надворешни работи Стеф Блок рече дека иако неговата влада сака да ги усогласи политиките со сојузниците, Холанѓаните сами ќе донесат одлука во врска со 5Г интернет мрежата.

Помпео и Блок се состанаа на маргините на тридневниот Самит за глобално претприемништво во Хаг.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG