Линкови за пристапност

Заложбата на САД за поддршка на Украина ќе продолжи, порача Помпео во Киев


Државниот секретар на САД негираше дека повлекувањето на воената помош и посетата на Зеленски на Белата куќа, биле предуслов за отворање на истрага против Бајден

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја повтори заложбата на САД кон Украина, при денешната посета на државата, која е во фокус на постапката за импичмент на претседателот Доналд Трамп.

„САД сфаќаат дека украинската борба за слобода, демократија и просперитет е цврста и посветена“, рече Помпео во Киев, додавајќи дека заложбата на САД за поддршка на Украина нема да престане.

Трамп се соочува со обвинувања дека вршел притисок врз украинскиот претседател Володомир Зеленски, да отвори истрага против неговиот политички ривал и поранешен потпретседател на САД Џо Бајден, и неговиот син Хантер, кој работеше за украинска енергетска компанија.

Помпео денес негираше дека повлекувањето на воената помош и посетата на Зеленски на Белата куќа, биле предуслов за отворање на истрага против Бајден.

Помпео е нависок официјален претставник на САД кој ја посетил Украина, откако почна процесот за импичмент на Трамп.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG