Линкови за пристапност

Хилари Клинтон на пат да влезе во американската историја


Најверојатно ќе биде прва-жена номинирана за претседателски кандидат од редовите на една од двете најголеми политички партии во земјата

Поранешната државна секретарка официјално ќе биде номинирана за претседателски кандидат од Демократската партија за време на партиската конвенција закажана за јули во Филаделфија. Клинтон веќе го има мнозинството од 2.383 делегати потребни за номинацијата, а со тоа и за победа над сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс.

За време на собир во Лос Анџелес, Клинтон изрази претпазливост:

„Според медиумските извештаи на работ сме на историски момент, но ни` престои уште многу работа. Имаме уште шест избори и ќе се бориме за секој глас, особено овде во Калифорнија“, изјави таа.

Од своја страна, Сандерс истакна дека ќе се бори за номинацијата до самиот крај. Неговиот портпарол издаде соопштение во кое вели дека кампањата ќе работи на убедување на таканаречените „суперделегати“, кои во моментов ја поддржуваат Клинтон, но можат да го сменат мислењето пред конвенцијата, дека токму сенаторот е најдобриот кандидат кој би му се спротивставил на најверојатниот републикански кандидат, милијардерот Доналд Трамп на изборите во ноември.

XS
SM
MD
LG