Линкови за пристапност

Една третина од Американците загрижени за системот на гласање


САД се пионери во гласачката технологија, но потребно е обновување на инфраструктурата, покажува ново истражување на Смартматик

Незначително мнозинство Американци се изјасниле дека генерално веруваат во точноста на гласачките системи и во пребројувањето на гласовите, но, вкупно 20 проценти немаат доверба во резултатот од гласањето, покажува нова анализа.

Според неа, за разлика од една петтина од гласачите, кои се изјасниле дека не веруваат во пребројувањето на гласовите на национално ниво, огромен број, односно една третина изјавиле дека се загрижени за гласачките технологии на нивните места.

„Се работи за интересна комбинација на резултати“, вели Антонио Мугика, основач и извршен директор на Смартматик, најголем провајдер за електронско гласање.

Тој додава дека САД се пионери во гласачката технологија, но оти во исто време потребно е обновување на инфраструктурата.

„Имате системи во некои држави, стари и по 10-15 години, така што време е за обнова“, рече Мугика.

Осумдесет проценти од гласачите и 90 проценти од официјалните лица, вклучени во изборниот процес, изјавиле дека веруваат оти надградувањето и унапредувањето на системот на гласање во државата ќе ја зголеми довербата во гласањето на национално ниво, иако многу аналитичари на хакерски напади се сомневаат во безбедноста на електронските системи.

XS
SM
MD
LG