Линкови за пристапност

Денеска се одржуваат примарни избори во пет сојузни држави во САД


Општите избори се на 3 ноември, а победниците ќе ја преземат функцијата во јануари

Во пет американски држави денеска се одржуваат примарни избори, со републиканската битка за седиштето во Сенатот што го претставува Канзас.

Републиканците имаат предност во Сенатот 53-47, додека демократите имаат мнозинство во Претставничкиот дом.


Вкупно 11 кандидати се натпреваруваат за шансата да бидат на гласањето на ноемвриските избори, бидејќи гласачите избираат кој ќе го пополни седиштето на пензионираниот републикански сенатор Пат Робертс.

Робертс го поддржа конгресменот Роџер Маршал, кој исто така има поддршка од други лидери на републиканците. Поранешниот државен секретар на Канзас, Крис Кобач и основачот на водоводна компанија Боб Хамилтон се другите главни противници. Кобач во 2018 година има неуспешен обид да стане гувернер на Канзас.

Последен пат кога кандидатот на републиканците изгуби на изборите за седиштето во Сенатот, кое го претставуваше Канзас, беше во 1932 година. Републиканецот кој ќе победи на денешните избори најверојатно ќе биде фаворизиран во ноември, но демократската кандидатка Барбара Болиер собра повеќе пари досега од кој било друг од републиканците и нејзината партија врши притисок да го поврати мнозинството во Сенатот.

Републиканците имаат предност во Сенатот 53-47, додека демократите имаат мнозинство во Претставничкиот дом.

Во државата Мичиген, фокусот ќе биде на 13-от Конгресен округ, каде конгресменката Рашида Тлаиб се соочува со демократскиот примарен предизвик од страна на претседателката на градскиот совет во Детроит, Бренда Џонс.

Во 3-то Конгресно подрачје, пет републиканци се натпреваруваат за седиштето на Конгресменот Џастин Амаш, кој ја напушти Републиканската партија пред една година.

Тројца републиканци се на гласање во трката за номинација на партијата во 10-та област, која моментно е претставена од пензионираниот републикански конгресмен Пол Мичел.

Гласачите во државата Аризона гласаат главно за да изберат кандидати за специјалните избори за да ги пополнат преостанатите две години од мандатот на починатиот сенатор Џон Мекејн.

Републиканката Марта Мексали беше назначена во 2018 година и се соочува со предизвик од бизнисменот Даниел Мекарти.

Гласачите гласаат и за седиштата во Аризона, како и за Мисури и во Вашингтон.

Општите избори се на 3 ноември, а победниците ќе ја преземат функцијата во јануари.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG