Линкови за пристапност

Тесна трка за конгресмен од Охајо - гласовите и натаму се пребројуваат


И натаму без официјален победник на специјалните избори за место во Претставничкиот дом од сојузната држава Охајо, додека републиканците и демократите ги анализираат резултатите од оваа трка и делумното гласање насекаде во земјата.

Исходот од овие избори, може да биде показател за тоа како ќе се одвиваат делумните избори во ноември, годинава.

Сосема мала е разликата во гласовите за републиканецот Трој Балдерсон, двократен сенатор од Охајо и демократот Дени О'Конор.

Во меѓувреме, гласовите и натаму се пребројуваат, а во моментов Балдерсон има благо водство или 50,2 проценти, наспроти 49,3 проценти за О`Конор.

Претседателот на САД Доналд Трамп, на Твитер прогласи победа во име на Балдерсон, и за успехот ја истакна својата кампања во сојузната држава.

Демократите мора да освојат 23 места во Претставничкиот дом и две места во Сенатот за да ја преземат контролата во двата дома на Конгресот. Од минатата година, наваму, се одржаа преку 10 специјални избори, меѓу кои и избори за гувернерски места.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG