Линкови за пристапност

Врховниот суд на САД ја одобри забраната за патување


Oграничувањата за патување беа предложени од администрацијата на претседателот Доналд Трамп, а се однесуваат за граѓани на пет држави со главно муслиманско население

Врховниот суд на САД со тесно мнозинство, ги поддржа ограничувањата за патување предложени од администрацијата на претседателот Доналд Трамп, а кои се однесуваат за граѓани на пет држави со главно муслиманско население. Ова е своевидна победа за претседателот во спроведувањето на една од неговите најконтроверзни политики.

Со 5 гласови „за“ и 4 „против“, судот донесе одлука дека претседателот има уставно овластување согласно американските имиграциони закони, да го ограничи патувањето од странски држави, заради загриженост за националната безбедност, како што администрацијата Трамп постојано тврдеше.

Одлуката беше очекувана. За прашања за имиграцијата и национална безбедност, судот и во минатото ја поддржувал извршната власт.

Според таканаречената „забрана за патување“, издадена во септември минатата година, откако две претходни налози беа блокирани од страна на судовите, на граѓаните на пет муслимански земји - Иран, Либија, Сомалија, Сирија и Јемен - како и Севернокорејци и некои поединци поврзани со венецуелската владата - им е забрането да патуваат во САД. (Централноафриканската земја Чад првично беше вклучена во листата, но подоцна беше отфрлена).

Во моментов, пред зградата на Врховниот суд има стотина лица, кои протестираат заради одлуката.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG