Претседателот на САД Доналд Трамп, денеска кажа дека „можно е“ летово да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.
Тој во кусата изјава за новинарите пред Белата куќа, го повтори ставот дека на Русија треба да и` се дозволи да се врати во Групата седум индустријализирани земји.
Трамп за исклучувањето на Русија го обвини поранешниот претседател Барак Обама, додавајќи дека би било многу подобро ако „САД имаат добри односи со Русија, отколку да немаат“.
Американскиот претседател воедно го обвини Обама и за руската анексија на Крим, велејќи дека тој е одговорен за загубата. Токму заради овој чекор, на Русија и` беше кажано да ја напушти Групата 7.
„Ова е вина на Обама, бидејќи Путин не го почитувал поранешниот претседател“, кажа Трамп.
(Асошиетед прес)
Facebook Forum