Линкови за пристапност

Дали ќе има средба САД - Северна Кореја во јуни?


Претседателот Доналд Трамп сугерираше дека можно е планираниот самит, засега да биде одложен

Претседателот на САД Доналд Трамп, сугерираше дека планираната историска средба со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, можно е да биде одложена. „Постои голема шанса дека разговори на 12-ти јуни нема да има“, кажа тој.

Трамп денеска во Белата куќа беше домаќин на неговиот јужнокорејски колега Мун Џае Ин, а целта на средбата беше координарана стратегија во услови на зголемен скептизицам за одржувањето на самитот.

Лидерот на САД додаде дека, „Ако не се случи сега, можеби ќе се случи подоцна“, осврнувајќи се на неодамнешното уназадување на напорите за помирување меѓу двете Кореи.

Северна Кореја минатата недела се повлече од закажаните мировни разговори со својот јужен сосед, противејќи се на веќе одамна планираните воени вежби меѓу САД и Јужна Кореја. Пјогјанг тогаш воедно се закани дека ќе ја откаже средбата со Трамп, заради американското инсистирање за унилатерална денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.

„Постојат одредени услови кои ги бараме“, изјави Трамп, додавајќи дека ако не се исполнат, „нема да имаме средба“. Тој одби да елаборира за кои услови се работи.

Американскиот претседател притоа го охрабри Ким Јонг Ун да ја искористи можноста за средба и да склучи договор за напуштање на неговата нуклеарна програма, ветувајќи не само гаранција за личната безбедност на Ким, туку и предвидување за економско заживување на Северна Кореја.

„Ако се постигне договор, Кина, Јапонија и Јужна Кореја, ќе инвестираат големи суми“, додаде Трамп.

Претседателот на Јужна Кореја подвлече дека „судбината и иднината“ на Полуостровот, зависат од разговорите, велејќи му на претседателот на САД дека биле „еден чекор поблизу“ до сонот за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео на денешниот брифинг за новинарите, истакна дека САД и натаму работат кон остварување на пранираната средба Трамп - Ким на 12-ти јуни.

(Асошиетед прес)

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG