Линкови за пристапност

Негативноста мотивира политичко активирање


Голем број Американци се идентификуваат како демократи или републиканци, бидејќи сметаат дека другата страна е штетна за земјата.

Според нова студија на Истражувачкиот центар Пју, 71 отсто од републиканците и 63 отсто од демократите се негативно мотивирани, затоа што сметаат дека политиката од другата партија е лоша опција за државата.

Истражувањето покажува дека 51 отсто од демократите и 45 отсто од републиканците, велат дека имањето заедничко со другите членови на партијата е причина да се идентификуваат со таа партија. Демократите и републиканците со 36 и 37 проценти, велат дека тие немаат многу заеднички работи со членовите на другата страна.

Лојалноста кон партијата е повеќе присутна кај демократите отколку кај републиканците и тоа 37 наспроти 25 отсто.

За оние кои не се идентификуваат целосно со една партија, но се наклонети кон истата, 58 отсто од републиканските и 57 отсто од демократските симпатизери, сметаат дека политиката на другата страна е штетна, во спредба со 42 отсто од републиканските симпатизери и 34 отсто од демократските, кои како причина за приклонувањето го наведуваат позитивното влијание на партијата.

Изгледа дека негативната мотивација за идентификација со одредена политичка партија предизвикува повеќе Американци да се изјаснат како независни. На пример, во 2015-та година, анкетата на „Галуп“ покажа дека 43 отсто од Американците се изјасниле како независни. Тоа било највисока стапка, уште од 1988-ма година кога започнало истражувањето.

Истата анкета покажала дека 30 отсто од анкетираните се нарекуваат себеси демократи, наспроти 26 отсто како републиканци.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG