Линкови за пристапност

Сенатот разгледува своја верзија на мерката за даночни промени


Претставничкиот дом веќе ја усвои легислативата за значителни промени во даночниот код на државата – за прв пат по 30 години

По едногодишните легислативни застои, победата има големо значење за претседателот Доналд Трамп и републиканците во Конгресот.

Спикерот на Претставничкиот дом Пол Рајан, истакна дека во Вашингтон има силно статус-кво, но со чекорот, 227 мажи и жени во Конгресот се решиле да го променат тоа.

Сепак, и покрај оптимизмот кај републиканците во Претставничкиот дом, мерката се соочува со многу потешки предизвици во Сенатот.

Сенатот има своја верзија за даночни реформи, што ќе биде ставена на гласање кон крајот на месецов.

Предлог-законот веќе наиде на критика кај демократите во Сенатот, кој рекоа дека мерката претставува даночно олеснување за богатите. Засега легислативата не е целосно поддржана и кај некои републикански сенатори.

Членови на обете партии воедно изразија загриженост за избрзувањето да се усвојат големите промени во комплицираниот даночен код, за мерката да се стави на гласање до крајот на годината.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG