Линкови за пристапност

Трамп: За светската закана е потребна светска акција


Претседателот на САД Доналд Трамп, ова го изјави за време на посетата на Јужна Кореја, додавајќи дека Северна Кореја претставува опасност по меѓународната заедница, критикувајќи ги државите коишто го поддржуваат режимот на Ким Јонг Ун

Претседателот на САД Доналд Трамп, за време на посетата на Јужна Кореја, му се придружи на јужнорејскиот претседател Мун Џеј-ин, во реафирмирање на определбата за соочување со заканата од севернокорејската нуклеарна и балистичка програма. Тој подвлече дека „таа претставува закана по целиот свет, што бара акција од целиот свет“.

На заедничката прес-конференција, Трамп истакна дека Северна Кореја претставува опасност по меѓународната заедница и ги критикуваше државите коишто го поддржуваат режимот на Ким Јонг Ун.

Американскиот лидер додаде дека е неприфатливо, држави да му помагаат и да финансираат ваков опасен режим. Тој подвлече дека со Јужнокорејците работи на решавање на овој проблем, користејќи ги сите средства на располагање. „САД се подготвени да се одбранат себеси и своите сојузници, користејќи го и воениот капацитет, доколку е потребно“, истакна Трамп.

Подвлекувајќи дека Вашингтон и Сеул се обидуваат да изнајдат мирољубиво решение за ситуацијата со Северна Кореја, Трамп рече дека „има логика, оваа земја да ја направи вистинската работа“ - со тоа што ќе седне на преговарачката маса.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG