Линкови за пристапност

Трамп повикува на ограничувања на мандатите во Конгресот


Демократите ги критикуваат овие и други планови на републиканскиот претседателски кандидат.

Додека траат подготовките за вечерашната трета и последна дебата меѓу Хилари Клинтон и Доналд Трамп, републиканскиот кандидат предложи ограничување на мандатите на членовите на Конгресот, како дел од пакетот-мерки за, како што кажа, расчистување на американската политика. Демократите ги критикуваа овие и други планови на Трамп.

За време на обраќање во Колорадо Трамп кажа дека со тоа, цитираме, не само што ќе се стави крај на владината корупција, туку и ќе се стави крај на економската стагнација во која се наоѓаат САД.

Според Уставот, американските претседатели имаат право на по два мандата, но тоа не важи за членовите на Претставничкиот дом и Сенатот. За време на изборите во 2012-та, на пример, преку 90 проценти од нив беа повторно избрани на функциите.

Претседателот Барак Обама во меѓувреме го критикуваше Трамп заради тоа што го фалел рускиот претседател Владимир Путин, велејќи дека продолжителното ласкање е без преседан во американската политика.

Трамп изјави дека на подобрувањето на односите на САД со Русија гледа како на можност обете земји да бидат партнери во борбата против организацијата Исламска држава.

Портпаролот на кампањата на демократката Хилари Клинтон, Глен Каплин, ги критикуваше овие коментари додавајќи дека доколку Клинтон биде избрана за претседателка, ќе му се спротивстави на Путин за неговото неприфатливо однесување, а не да има попустлив став спрема него.

Клинтон немаше јавни настапи во вторникот.

XS
SM
MD
LG