Линкови за пристапност

Клинтон и Трамп ја продолжија кампањата


Демократката се обрати пред симпатизерите во Детроит, Мичиген, а републиканскиот кандидат е во Ембриџ, Пенсилванија.

Демократката Хилари Клинтон и републиканецот Доналд Трамп ги продолжија кампањите, по жестоката втора ТВ-дебата, реакциите по коментарите на Трамп за жените, како и обелоденетите електронски пораки на тогашната државна секретарка. Клинтон се обрати пред своите симпатизери во Детроит, Мичиген, а Трамп во Ембриџ, Пенсилванија.

Двата кандидата имаат предизвик да ја намалат недовербата кај гласачите на неполн месец до изборите.

Во меѓувреме, спикерот на Претставничкиот дом Пол Рајан, на сопартијците им кажал дека нема повеќе да учествува во кампањата на Трамп или да ги брани неговите честопати остри коментари, што беа навредливи за многу гласачи.

Рајан рече дека наместо тоа ќе се фокусира да им помогне на републиканците во реизбор во Претставничкиот дом, со цел да го одржат мнозинството во Конгресот. Тој на сопартијците воедно им порачал да „делуваат како што сметаат дека е во најдобар интерес за нивната изборна единица“.

Портпаролот на кампањата на Клинтон одлуката на Рајан ја оцени како „мошне зачудувачка“. Трамп го крикуваше претседателот на Претставничкиот дом, велејќи дека треба да мине повеќе време за „балансирање на буџетот, отворање работни места и илегалната имиграција, а не да вложува енергија против републиканската номинација“.

XS
SM
MD
LG