Линкови за пристапност

Клинтон на кампања во Ајова, Трамп во Њу Хемпшир


За утре се најавени обраќања на кандидатите во две клучни сојузни држави за изборите, Мичиген и Флорида.

Доналд Трамп и Хилари Клинтон ги продолжуваат кампањите низ САД.

Републиканскиот претседателски кандидат е на собир во Њу Хемпшир, а Клинтон е во Ајова. Овие сојузни држави имаа клучна улога во процесот на номинација на кандидатите пред 8 месеци, но нема да имаат толкаво влијание на исходот на изборите во ноември.

Причината е системот на изборен колеџ, којшто поголема тежина на гласањето им дава на понаселените сојузни држави како Мичиген, каде Трамп ќе пристигне утре, и Флорида, каде свои обраќања ќе има Клинтон. Мичиген носи 16 гласови од изборниот колеџ, а Флорида 29, додека Ајова и Њу Хемпшир заедно имаат 10.

Клинтон вчера говореше пред симпатизерите во Њу Хемпшир, заедно со некогашниот ривал, сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс. Пред група студенти таа истакна дека исходот од изборите ќе се чувствува со децении.

Трамп пак, за време на обраќањето во Висконсин, кажа дека, цитираме, имаме шест недели за сите ваши соништа со вашата земја да станат реалност.

XS
SM
MD
LG