Линкови за пристапност

Клинтон и Трамп со најостри меѓусебни критики досега


Клинтон се обрати пред симпатизери во Северна Каролина, а Трамп во Охајо.

Републиканецот Доналд Трамп и демократката Хилари Клинтон упатија најостри меѓусебни критики досега, еден ден по форумот посветен на националната безбедност.

Во говор во Кливленд, Охајо, Трамп истакна дека обраќањето на Клинтон на форумот било уште еден доказ дека таа не е подобна да биде врховен командант, и натаму одбивајќи да преземе одговорност за нејзината, како што ја нарече, неуспешна политика на Блискиот Исток, додека била на функцијата државна секретарка.

Во обраќање пред симпатизери во Шарлот, Северна Каролина, Клинтон кажа дека ја шокирал коментарот на Трамп дека рускиот претседател Владимир Путин е подобар лидер од претседателот Обама.

„Ова не само што не е патриотски и навредливо спрема човекот на функцијата, туку воедно е застрашувачки и опасно“, додаде таа.

Претседателот Обама реагирајќи на коментарите на Трамп кажа дека „најважно е јавноста и новинарите само да слушаат што зборува републиканскиот кандидат, и потоа да се навратат и да поставуваат прашања за тоа што се чини дека е или контрадикторно или показател на неинформираност или се работи за апсолутно луди идеи“.

XS
SM
MD
LG