Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп се очекува да го објави својот план за борба против исламскиот тероризам, само неколку дена откако кажа дека демократскиот ривал Хилари Клинтон и претседателот Барак Обама ја основале милитантната организација Исламска држава.
Трамп веќе неколку месеци го повторува ставот дека ќе употреби поостри мерки против џихадистите на Блискиот Исток споредено со претседателот Обама, но дека допрва ќе обелодени конкретен план како ќе го стори тоа. По минатонеделната изјава дека Клинтон и Обама ја основале Исламската држава, републиканскиот кандидат кажа дека велејќи го тоа, употребил сарказам.
Еден од неговите главни поддржувачи, сенаторот од Алабама, Џеф Сешнс за телевизијата Еј-Би-Си изјави дека Трамп ќе зборува за тоа како САД ќе го вратат кредибилитетот меѓу сојузниците и пријателите во регионот кои исто така се против на, како што кажа, овој вид тероризам.
Во меѓувреме, според најновите анкети, демократката Хилари Клинтон води пред Трамп со околу 7 проценти.