Линкови за пристапност

Трамп во потрага по кандидат за потпретседателската функција


Кажа дека приоритет е избраникот да има политичко искуство

Со веќе загарантираната претседателска номинација од редовите на Републиканската партија, Доналд Трамп е во потрага по кандидат за потпретседателското место воочи изборите во ноември.

Трамп, кој никогаш претходно немал државна функција, изјави дека приоритет му е избраникот да има политичко искуство.

Еден од политичарите кои нема да го сторат тоа е, гувернерката на Јужна Каролина, Ники Хали. Во писмено соопштение, таа кажа дека ја поддржува кандидатурата на Трамп, но дека фокусот ќе го стави на нејзината актуелна функција.

Трамп во моментов формира комисија што ќе му помогне во овој процес. Запрашан дали би ја разгледал идиејата тоа да биде гувернерот на Охајо, Џон Кејсик, Трамп додаде дека не ја исклучува таа можност.

Трамп во ноември највероајтно ќе се соочи со поранешната државната секретарка Хилари Клинтон, којашто допрва треба да ја загарантира номинацијата, бидејќи сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, по неодамнешната победа во Индијана, вети дека ќе остане во трката до крај.

XS
SM
MD
LG