Доналд Трамп, републиканскиот фаворит за добивање на претседателската номинација победи во пет сојузни држави на синоќешните прелиминарни избори – Конектикат, Делавер, Мериленд, Пенсилванија и Роуд Ајланд.
Обраќајќи се пред своите симпатизери, трката ја прогласи за завршена и себеси се нарече најверојатен кандидат за номинација од редовите на Републиканската партија. По вчерашното гласање, тој има 950 од 1,237 делегати потребни за номинацијата. Неговите ривали, сенаторот од Тексас,Тед Круз и гувернерот на Охајо, Џон Кејсик во моментов се фокусирани да го спречат Трамп во кампањата.
На страната на демократите, поранешната државна секретарка, Хилари Клинтон победи во четири од пет сојузни држави, а сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс беше прв само во Роуд Ајленд.
Клинтон во моментов има 2,141 делегат вклучувајќи ги таканаречените супер-делегати и и` се потребни уште 242-ца за да дојде до мнозинството потребни за номинацијата.