Линкови за пристапност

Нова републиканска дебата


Во фокусот - илегалната имиграција, американската политика на Блискиот Исток и транспарентност на даночните податоци за претседателските кандидати

Милијардерот Доналд Трамп го повтори ставот дека ќе направи Мексико да плати за ѕидот којшто предложи да се изгради на границата со САД за да се спречи илегалната имиграција.

Неговите најголеми ривали, сенаторот од Флорида, Марко Рубио и сенаторот од Тексас, Тед Круз, го обвинија Трамп дека ја користи работната сила на илегалните имигранти за некои од неговите битни градежни проекти. И обајцата кандидати рекоа дека Трамп бил приморан да плати еден милион долари во казни за тоа што најмил илегални имигранти.

И Рубио и Круз подвлекоа дека се подготвени да ги обелоденат своите информации во однос на даноците и го критикуваа Трамп дека го избегнува ова прашање. Трамп одговори дека ќе го стори тоа само откако ќе направи, како што кажа, рутински попис.

Околу надворешната политика, Трамп изјави дека нема да го поддржи договорот за прекин на огнот во Сирија.

За Либија, која во моментов е вовлечена во граѓанска војна, кажа дека ќе биде во подобра ситуација доколку поранешниот лидер Моамер Гадафи беше и натаму на власт.

Тед Круз, од своја страна, вети дека доколку биде избран на функцијата, цитираме, ќе го искине на парчиња, нуклеарниот договор со Иран со посредство на ОН постигнат во јули минатата година. Со договорот Иран добива олеснувања од санкции на САД, ОН и ЕУ, во замена на намалување или уништување на иранските залихи на збогатен ураниум.

XS
SM
MD
LG