Линкови за пристапност

Трамп победи на партиските избори во Невада


Веднаш зад него се Марко Рубио и Тед Круз

Милијардерот Доналд Трамп победи на партиските избори во сојузната држава Невада, со освоени 46 проценти од гласовите.

За претседателската номинација од редовите на Републиканската партија меѓу другите се борат и сенаторот Марко Рубио којшто на овие избори освои 24 проценти и сенаторот од Тексас, Тед Круз, кој заврши на третото место со освоени 21 процент од гласовите.

Ова е трета по ред победа на Трамп на партиските избори, а првите две беа во Њу Хемпшир и Јужна Каролина порано месецов. Со тоа, тој се наоѓа во предност споредено со другите кандидати со оглед на фактот што десетина други сојузни држави ќе излезат на гласање на 1-ви март.

XS
SM
MD
LG