Линкови за пристапност

Нови дебати на претседателските кандидати


Форумот уследи два дена по победата на поранешната држава секретарка на прелиминарните избори во Ајова

Демократските претседателски кандидати Хилари Клинтон и Берни Сандерс продолжија со дебатите воочи партиските избори во Њу Хемшир, учествувајќи на јавниот собир во организација на тв-мрежата Си-Ен-Ен.

Форумот уследи два дена по победата на поранешната држава секретарка на прелиминарните избори во Ајова, но Сандерс, кој себеси се опишува како демократски социјалист од Вермонт, во моментов солидно води пред Клинтон. Ова главно се должи на поддршката кај младите гласачи, кои велат дека се инспирирани особено по неговата изјава дека ќе стави крај на нееднаквоста на примањата и влијанието на корпорациите врз политиката. За денеска е закажана уште една дискусија.

Републиканците ќе ја одржат својата дебата во сабота.

XS
SM
MD
LG