Линкови за пристапност

Мартин О`Мали започнува кампања за претседател


Поранешен гувернер на Мериленд соопшти дека влегува во трката за номинација од Демократската партија.

Мартин О`Мали, либерал и поранешен гувернер на сојузната држава Мериленд, соопшти дека се кандидира за претседателската функција од редовите на Демократската партија.

Во моментов има мошне мали шанси да и` се спротистави на фаворитката, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, но 52-годишниот О`Мајли се надева дека успешните обид да ги легализира истополовите бракови во Мериленд, да ја укине смртната казна и да ја зголеми минималната надница за работниците со ниски примања, ќе привлече гласови во неговата партија.

Тој на неколкупати ги посети Ајова и Њу Хемшир, двете држави каде ќе се оджат првите прелиминарни избори, но засега има мала политичка поддршка. Според најнова анкета, О`Мали меѓу демократите има поддршка од само еден процент, додека Клинтон во моментов има 57 проценти.

XS
SM
MD
LG