Линкови за пристапност

Демократите подготвени за конвенцијата во Шарлот


Вечерва говор ќе одржи првата дама на САД, Мишел Обама.

Тридневната Демократска национална конвенција на која претседателот Барак Обама ќе биде номиниран за втор мандат, започнува денеска во Шарлот, сојузната држава Северна Каролина.

Првиот ден на настани е предвиден за серија говори, меѓу кои и обраќањето на првата дама на САД, Мишел Обама. Предвидено е претседателот да ја прифати номинацијата во четврток на отворен стадион со капацитет од 74.000 посетители.

Номинацијата за втор мандат ќе ја прифати и потпретседателот Џо Бајден, а неговиот говор е исто така е предвиден за в четврток.

Меѓу останатите главни гости на конвенцијата кои ќе имаат свои обраќања е и поранешниот претседател Бил Клинтон.

Најновите анкети сугерираат дека во ноември треба да се очекува мошне тесна трка за Белата куќа.
XS
SM
MD
LG