Линкови за пристапност

Републиканците ги поделија гласовите, Сандерс освои две држави


Трамп победи во Аризона, Круз во Јута; Клинтон победи во Аризона, а Сандерс во Ајдахо и Јута.

Фаворитите за демократската и републиканската претседателска номинација се поделија за време на гласањето во вторникот кое се одржа во неколку западни сојузни држави.

Републиканецот Доналд Трамп лесно победи во Аризона и ги освои сите 58 делегати, победувајќи го сенаторот на Тексас Тед Круз со повеќе од дваесет проценти.

Круз закрепна со својата убедлива победа во Јута. Тој освои повеќе од половина од гласовите што го квалификува да ги добие сите 40 делегати од Јута и не му дозволи на Трамп да земе дел од збирот. Круз и другиот републикански кандидат, гувернерот на Охајо Џон Касик, се обидуваат да го задржат Трамп од освојување на 1,237 кандидати кои му се потребни за освојување на номинација на партијата пред конвенцијата во јули.

Сенаторот на Вермонт Берни Сандерс, освои две многу потребни победи во демократската трка, освојувајќи победа во Ајдахо и Јута со повеќе од 70 проценти од гласовите од поранешната државна секретарка Хилари Клинтон.

Демократите ги доделуваат своите делегати пропорционално, така што Сандерс треба да стекне еднострани победи за да може да го затвори јазот со водечката Клинтон. Таа со големо мнозинство победи во демократската трка во вторникот во Аризона.

XS
SM
MD
LG