Линкови за пристапност

Зошто се важни утрешните гласања во САД?


Не е Супер вторник, но гласачите во пет сојузни држави се дел од клучните прелиминарни избори

Зошто е важно?

По вторник, половина од сите педесет американски сојузни држави ќе ги имаат одржано прелиминарните избори, и кандидатите кои заостануваат имаат се' помалку време да ги стасаат лидерите од обете партии Доналд Трамп и Хилари Клинтон. Следен пат кога приближно ист број на делегати ќе бидат на располагање во еден ден е 7-ми јуни, но тогаш може да е предоцна.

Републиканци, број на делегати (1,237 потребни за победа)

Трамп - 460

Круз - 370

Рубио - 163

Касиќ - 63

Демократи, број на делегати (2,383 потребни за победа)

Клинтон - 1,231

Сандерс - 576

Што е во залог?

Флорида- Републиканци 99 (победникот ги добива сите), Демократи 246

Охајо – Републиканци 66 (победникот ги добива сите), Демократи 159

Илиноис – Републиканци 69 (победникоит ги добива поголемиот број) , Демократи 182

Северна Каролина – Републиканци 66, Демократи 121

Мисури – Републиканци 52, Демократи 84

Што им е важно?

Сенаторот на Флорида Марко Рубио, кој заостанува со бројот на делегати, има потреба од 99 делегати од неговата матична сојузна држава. Доколку изгуби, ќе излезе од трката.

Гувернерот на Охајо, Џон Касиќ се соочува со истите проблеми како Рубио, неговиот опстанок во трката зависи од тоа дали ќе добие 66 делегати во Охајо.

Сенаторот на Тексас, Тед Круз е единствениот кој може да го победи Трамп, но, според анкетите тој нема да добие делегати од Флорида или Охајо и само делумно од Илиноис, Мисури и Северна Каролина.

Бизнисменот Доналд Трамп доколку победи во Охајо и Флорида значително ќе си го расчисти теренот, но како и да е овој вторник треба да му обезбеди зацврстување на номинацијата.

Поранешната државна секретарка Хилари Клинтон со серија од победи понатаму, ќе ја зацврси нејзината номинација со систем на пропорционални делегати што ќе ѝ помогне да се задржи на водечката позиција.

Сенаторот на Вермонт Берни Сандерс треба да почне да победува со голема разлика за да може да се израмни, но каде и да загуби во вторник треба да биде со мала разлика, за да може да евентуално да ја стаса Клинтон.

XS
SM
MD
LG