Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп вели дека собрал 5,6 милиони долари во донации за групи на воени ветерани, напаѓајќи ги медиумите по прашањата дали тој всушност стои зад донациите.
Бизнисменот уште од јануари вели дека собрал 6 милиони долари за ветераните, велејќи дека дури и не учествувал на републиканската претседателска дебата во Ајова, за да го организира настанот за собирање донации. Но, се` до вчера, Трамп не даде речиси никакви детали, кој и дали некој воопшто ги добил парите.
Тој ги нападна медиумите, откако одредени новинари извршија притисок за повеќе информации. Трамп кажа дека еден милион долари од средствата се од негов џеб, и дека биле испратени до преку 40 приватни групи, кои им помагаат на американските воени ветерани.
Но, одредени ветерани се лути на Трамп, нарекувајќи ја дарежливоста лажна, и обвинувајќи го дека ги користи нивните проблеми за „купување“ гласови.
Најверојатната претседателска кандидатка од редовите на демократите, Хилари Клинтон, за Си-Ен-Ен изјави дека, додека и` е драго што Трамп дал средства за ветераните, не може да му се даде поголемо признание од тоа.