Претседателот Барак Обама од Конгресот бара да го одобри Транспацифичкиот трговски договор, потпишан од 12 држави. Договорот не наидува на поддршка кај актуелните претседателски кандидати од обете партии, Клинтон и Трамп.
Обама тврди дека Договорот ќе придонесе за намалување на тарифите на американските производи, истовремено обезбедувајќи поповолни услови на пазарите за работниците.
Тој кажа дека е алтернативата е она што постои во моментов - ситуација во која, цитираме, немаме многу заштитни мерки по работничките и еколошките прашања, кои сакаме да ги имаме, ситуација во која земјите како Јапонија, која овде нуди многу производи, на своите пазари, има мошне рестриктивна политика за американските компании и работници.
Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп вели дека е против Транспацифичкиот и други трговски договори, најавувајќи дека ќе отвори нови преговори по нив за, како што кажа, бенефиции да имаат американските работници.
Демократската кандидатка Хилари Клинтон не го поддржува овој договор и би сакала да може да им каже на работниците од средната класа дека со него ќе дојде до зголемување на нивните примања, што спред неа, не е случај.