Муслиманите го отфрлаат повикот на републиканскиот претседателски кандидат Тед Круз за помногубројни патроли во муслиманските соседства. Круз ова го кажа по бомбашките напади во Брисел од страна на осомничени следбеници на Исламската држава.
Сенаторот од Тексас воедно повика на моментален прекин во примање во САД на кои било нови бегалци од земјите со значителен број на џихадисти на Ал Каида и Исламската држава.
Круз истакна дека на американските агенции за спроведување на законот, треба да им се даде овластување, цитираме, да патролираат и да ги обезбедат муслиманските соседства, пред да се радикализираат.
Фаворитот за добивање на претседателската номинација од редовите на републиканците, Доналд Трамп, кој повика на привремена забрана на Муслиманите кои влегуваат во САД, кажа дека ставот на Круз по ова прашање, е, цитираме, добра идеја.
Претседателот Барак Обама и претседателската кандидатка од Демократската партија, Хилари Клинтон, го осудија коментарот на Круз.