Линкови за пристапност

Дали ќе има средба Трамп-Путин?


Државниот секретар Тилерсон вели дека ако се случи такво нешто, САД треба да осигураат дека ќе има значење

Не е официјално потврдено, но извори блиски до претседателот на САД Доналд Трамп, индицираат дека тој најверојатно, на маргините на Азиско-пацифичкиот самит во Виетнам, ќе се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин.

Државниот секретар Рекс Тилерсон, кој е дел од американската делегација на турнејата низ Азија, кажа дека очигледно, обајцата лидери ќе бидат на тој состанок и не би било невообичаено да проговорат.

Истовремено, според Тилерсон, тоа не би биле класични билатерални разговори, „но ако се случи средба, треба да осигураме дека таа ќе има значење“.

Според Ројтерс, портпаролот на Кремљ Дмитри Песков, кажал само дека се дискутира можна средба Трамп-Путин во Виетнам, и дека на еден или друг начин на двајцата лидери ќе им се вкрстат патиштата.

Тилерсон воедно додаде дека Моска и Вашингтон работат зад сцена на „бројни тешки прашања“. Но, на помалку од 24 часа пред почетокот на самитот, тој предупреди дека американски официјални лица засега не донеле одлука дали е вистинско време за нов состанок со рускиот претседател по оној на маргините на Самитот Г-20 во Германија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG