Поранешниот гувернер на Флорида и републиканец Џеб Буш официјално ќе се кандидира за претседателските избори 2016-та на 15-ти јуни во Мајами.
Син и брат на поранешни претседатели - Џорџ Херберт Вокер Буш и Џорџ Вокер Буш - 62-годишниот Џеб Буш кон крајот на минатата година соопшти дека прави прелиминарни чекори кон кандидатурата за Белата куќа.
Листата на републикански кандидати за претседател станува се` подолга. Денес се кандидираше Рик Пери, поранешниот гувернер на Тексас, којшто се обиде да ја добие републиканската номинација во 2012-та, но не успеа. Неговата кандидатура тргна по надолна линија кога за време на телевизиска дебата го заборави името на една од трите федерални агенции коишто вети дека ќе ги затвори доколку стане претседател.