Линкови за пристапност

Обама ја зголемува предноста во Флорида и Охајо


Победата во која и да е од двете сојузни држави може да биде пресудна за влез во Белата куќа.

Според најново истражување на јавното мислење, американскиот претседател Барак Обама ја зголемил предноста пред републиканскиот предизвикувач Мит Ромни во Флорида и Охајо, едни од клучните сојузни држави за победа на претседателските избори.

Заедничката анкета на Универзитетот Квинипек, Вестите на Си-Би-Ес и Њујорк тајмс индицира дека Обама води со 53 наспроти 44% во Флорида, и 53 наспроти 43% во Охајо. Победата во која и да е од клучните држави може да го осигура влезот во Белата куќа.

На предизборна кампања во Охајо, Обама го критикуваше Ромни дека од една страна говори остро против кинеската трговска политика, а од друга страна профитира од компаниите кои ги испратија американските работни места во Кина.

Ромни, кој исто така одржува предизборни собири во Охајо, кажа дека националниот долг би можел да нарасне на речиси 20 трилиони доколку повторно биде избран Обама. Тој рече дека неговата политика ќе им помогне повеќе на семејствата од средната класа отколку онаа на актуелниот претседател.
XS
SM
MD
LG