Линкови за пристапност

Обама, Ромни и работниците


Непосредно пред Демократската национална конвенција во Северна Каролина, претседателот е на кампања во срцето на индустриска Америка – Охајо.

Американскиот претседател Барак Обама се подготвува за овонеделната Демократска национална конвенција, обидувајќи се да обезбеди поддршка од работниците и членови на синдикатите во Охајо.

Во говорот по повод Денот на трудот, Обама пред синдикалните работници во Толедо истакна дека длабоко верува во нивната способност за успех, на овој и секој друг ден.

Демократската национална конвенција, каде Обама и формално ќе биде номиниран за втор мандат на функцијата, започнува во вторник во Шарлот, Северна Каролина.

Американскиот претседател во понеделник на агендата ја има и Луизијана, каде сака да ја увиди штетата причинета од ураганот Исак што минатата недела ја погоди оваа сојузна држава.

Републиканскиот кандидат Мит Ромни исто така води кампања на денот на работниците, велејќи дека празникот е „шанса за прослава на силната работна етика на Американците“. Но, нагласи дека за многумина невработени Американци, ова е „уште еден ден за загриженост“ кога ќе ја добијат следната плата.
XS
SM
MD
LG