Линкови за пристапност

Претседателските кандидати ветија поддршка за Израел


Хилари Клинтон и Доналд Трамп имаа одвоени средби со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Клинтон и Трамп во неделата имаа одвоени средби со израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху.

Разговорите беа зад затворени врати, но кампањата на демократската кандидатка издаде соопштение во кое се вели дека Клинтон ја истакнала важноста од „силен и безбеден Израел“ и дека останува определена на заложбата на постоење на две држави на Израелците и на Палестинците, една до друга. Решението, вели таа, би дошло од директни преговори, а нема да биде наметнато од ОН или други земји.

Од кампањата на Трамп рекоа дека разговорите со израелскиот премиер биле фокусирани на употребата на ограда од страна на Израел за да ги заштити своите граници, можна мерка, според Трамп, границата на САД со Мексико. Тој воедно кажа дека доколку биде избран за претседател, ќе го признае Ерусалим за „неподелен главен град на Израел“.

XS
SM
MD
LG