Линкови за пристапност

Претседателските кандидати со фокус на националната безбедност


Учествуваа на форум насловен како „Врховен командант“.

Демократката Хилари Клинтон и републиканецот Доналд Трамп на форумот во Њујорк организиран од телевизијата Ен-Би-Си, се фокусираа на националната безбедност и надворешната политика.

Клинтон истакна дека најважниот квалитет на еден претседател е да поседувате апсолутна цврстина, кога станува збор за војна и мир.

„Она што е потребно кај претседател, врховен командант, е некој кој слуша, кој ги евалуира информациите, кој е во можност да ги издвои мошне тешките опции, по што треба да донесе одлука“, рече демократската кандидатка.

Но за време на своето излагање, Трамп ја обвини Клинтон за игнорирање на советниците за национална безбедност во однос на терористичката организација ИСИС, во периодот меѓу 2009-та и 2013-та година, додека била на функцијата државна секретарка.

„Сметам дека под раководството на Хилари Клинтон и Барак Обама, генералите се претворија во урнатини, дотаму што е срамно за нашата земја“, истакна Трамп.

За време на говор во Филаделфија, Трамп кажа дека доколку стане претседател, приоритет број еден ќе биде на американските команданти да им даде 30 дена за да изготват план за пораз на Исламската држава, додавајќи дека има свој „таен план“.

Клинтон на тоа возврати дека, „тајната е - тој нема план“.

Првата дебата меѓу Клинтон и Трамп е закажана за 26-ти септември.

XS
SM
MD
LG