Линкови за пристапност

Во Кина потпишани бизнис-договори вредни милијарди долари


Ова го соопшти администрацијата на претседателот Трамп, кој се наоѓа на турнеја низ пет земји во Азија

Претседателот на САД Доналд Трамп, ја привршува посетата на Кина и тоа со постигнати неколку вредни бизнис-договори.

Администрацијата на САД соопшти дека меѓу спогодбите е и договор во вредност од 1,2 милијарди долари, и тоа за купување на говедско и свинско месо од САД.

Трамп сепак повторно се пожали за трговскиот дисбаланс меѓу двете земји, додавајќи дека за ситуацијата не е виновна Кина, туку претходните американски влади, заради тоа што, како што кажа, дозволиле трговскиот дефицит да излезе надвор од контрола и само да расте.

Кинескиот претседател Ши Џинпинг, истакна дека претстои напредна иднина за трговската соработка меѓу САД и Кина, подвлекувајќи дека постигнатите договори се во вредност од 250 милијарди долари, како и тоа дека има брз раст на кинеските инвестиции во САД.

Следна станица на 12-дневната турнеја на американскиот претседател, е Виетнам.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG